Состојки:
- 60 грама брашно
- 100 грама мелени бадеми
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка цимет
- 1/2 лажичка мускатно оревче
- малку рум
- 3 јајца
- 100 грама кафеав шеќер
- 50 грама варено пире од тиква
Фил: - 300 г крем сирење
- 1/2 сол шеќер во прав
- 100 грама бело чоколадо
Подготовка:
Во длабок сад ставете го шеќерот и јајцата и матете ги со електричен миксер. Кога јајцата ќе бидат полуизматени, додадете прстофат сол и продолжете да матите додека добро не се изматат. Измешајте го брашното, прашокот за пециво, содата бикарбона и зачините и додадете ги постепено во смесата. Соединете го пирето од тиква и мелените бадеми, измешајте, а потоа и нив измешајте ги во смесата. На крај, додадете малку рум. Во правоаголно тевче, ставете хартија за печење, истурете ја смесата и печете на 160 степени околу 20 минути. Додека се пече кората, подгответе чиста кујнска крпа и ставете ја печената кора врз кујнската крпа, замотајте ја заедно со крпата и оставете ја да се олади. Во сад измешајте го крем сирењето, шеќерот во прав и стопеното (на пареа) бело чоколадо. Филувајте ја кората и внимателно замотајте во ролат. Наросете со шеќер во прав или по желба.