Македонија Министерство за здравство

Алиу-Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката со Албанија во областа на здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Албанија оствари средба со министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Евис Сала, на која беше реафирмирана успешната билатерална соработка меѓу двете земји и можностите за понатамошно нејзино продлабочување во областа на здравството.

– Со Република Албанија имаме воспоставено успешна соработка, а со министерката Сала заеднички се залагаме за продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем. Лично сметам дека размената на знаења и искуства меѓу медицинскиот кадар од двете земји придонесува кон целокупно унапредување на здравствената заштита. Воедно, ја информирав министерката за нашата заложба за јакнење на човечките ресурси и проактивно планирање на кадровските капацитети, со посебен акцент на унапредување на системот за специјализации и супспецијализации, во согласност со потребите на граѓаните, истакна министерот Алиу.
На работната средба на министрите Алиу и Сала стана збор и за дигитализацијата, како еден од клучните двигатели на развојот на здравствените системи во регионот.

Најнови вести од Македонија

To top