Лидерот во Суперлигата, Вардар 1961, ја продолжи соработката со Џуниор Тузолана, кој останува во црвено-црниот дрес до крајот на натпреварувачката сезона 2026/2027.
Тузолана пристигна во клубот во септември како краткорочно засилување на позицијата лево крило, но со својот настап, ангажман и енергија брзо се наметна како играч што дава стабилност и сигурност на тимот, поради што управата без двоумење ја активираше опцијата за продолжување на договорот.
Продолжувањето на соработката е силна порака дека Вардар 1961 размислува долгорочно и дека квалитетот и карактерот секогаш ќе бидат основа во изборот на играчи што го носат црвено-црниот дрес.