Фудбал ла лига

Флик: Тер Штеген е капитен и многу важен за Барселона

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја истакна важноста за тимот на голманот Тер Штеген.

Флик: Тер Штеген е капитен и многу важен за Барселона

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја истакна важноста за тимот на голманот Тер Штеген.

Каталонците синоќа ја совладаа Гвадалахара со 2:0 во осминафиналето на Купот на кралот.

– Играњето во Купот на кралот не е лесно, но на крајот на краиштата најважно е ставот и менталитетот. Тер Штеген е капитен и многу важен за тимот. Денес имаше можност да игра, а јас му ја дадов таа можност во натпреварување како Купот на кралот. Го почитувам. Ова беше уште еден чекор во неговото враќање. Натпреварите против тимови како Гвадалахара секогаш се тешки. Ставот на теренот е клучот до победата. И двата тима го покажаа тоа, а ние победивме, изјави Флик за „AS“.

Марк-Андре тер Штеген брани за Барселона од 2014 година.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
To top