Колумни

„Егзекуцијата на Коцевски низ призмата на Крамарска“

„Егзекуцијата на Коцевски низ призмата на Крамарска“

Како реакција на колумната „Егзекуцијата на Коцевски“, објавена од Соња Крамарска, со должно почитување кон авторката и нејзината загриженост за „светоста“ на судско-обвинителската независност, мора да се признае дека колумната е уште еден пример за извонредна вештина со микроскопска прецизност да се анализира едно дрво, додека шумата упорно останува надвор од фокусот.

Зборуваме за судско-обвинителски систем во кој довербата на граѓаните со години се движи околу симболични 2–3%, за систем оптоварен со сомнежи за корупција, селективна правда, наместени предмети и истраги кои траат подолго од мандатите на оние што ги коментираат. Во таков амбиент, инсистирањето дека секоја промена е „егзекуција на демократијата“, а секој обид за преиспитување на состојбите е политички упад, звучи како преудобно поедноставување на една многу сложена и одговорна реалност.

Особено е впечатливо што премолчено се прескокнува прашањето за одговорноста на обвинителството. Независноста, во ова читање, изгледа како трајна категорија ослободена од обврската да испорача резултати, доверба и правда. А токму тие три нешта одамна недостасуваат.

Кога станува збор за смената, вреди да се потсети дека таа се однесува на јавниот обвинител кому му беше дадена реална можност и значителен временски период да ги подобри состојбите во обвинителството. Наместо суштински напредок, јавноста доби продолжување на истите слабости кои со години го подјадуваат системот. Во тој контекст, секоја промена однапред да се прогласува за атак врз демократијата е најмалку комфорна интерпретација на реалноста.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Се создава впечаток дека проблемот не е во нефункционалноста на судско-обвинителскиот систем, туку во тоа што ,,погрешната политичка гарнитура’’ се осмелила да го допре. При тоа целосно се игнорира фактот дека истите или слични практики постоеја и за време на претходните власти, но тогаш ретко беа третирани како системска закана, туку како неминовен дел од „реалната политика“. Кога слични интервенции се случуваа во „поприфатливи“ времиња, тогаш тие не беа знак за доминација, туку дел од демократскиот процес.

Во таков амбиент, инсистирањето дека секоја промена е „егзекуција на демократијата“, а секој обид за преиспитување на состојбите е политички упад, звучи како однапред зададена и удобно сервирана констатација но и како неодговорно занемарување на реалните состојби во судско обвинителскиот систем. Лично мислам дека може да се каже дека на еден сериозен новинар не му доликува партиска пристрасност и отсуство на објективно гледање, но, очигледно, не сите тоа го разбираат и немаат храброст да се соочат со сторените пропусти, неправди и други последици кои ги сториле сите оние кои се предмет за обид да се одбранат во тескстот

Лично мислам дека може да се каже дека на еден сериозен новинар не му доликува партиска пристрасност и отсуство на објективно гледање, но, очигледно, не сите тоа го разбираат и немаат храброст да се соочат со сторените пропусти, неправди и други последици кои ги предизвикале сите оние кои се предмет на обид за одбрана во текстот.

 

 17.12.2025                Пишува: Проф д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

To top