Македонскиот ракометен тим Вардар 1961 договори ново име за голманската позиција за следната сезона.
Станува збор за српскиот репрезентативен голман Милан Бомаштар
26-годишникот од 2023 година го брани голот на француски Шартр а сега се договори со „црвено-црните“ за да пристигне по крајот на тековната сезона.
Бомаштар во својата кариера пред трансферот во Франција бранеше во Шведска и Шпанија за екипите на ИФК Сковде и Адеѓар Леон.
Кариерата ја започна во Металопластика Шабац каде како младо момче доби шанса и се промовира на ракометната сцена.
Иако сезоната не е стигната ниту до половина, управата на Вардар веќе работи на тимот за следната сезона. Освен Бомаштар веќе се договорени и Жоао Педро Да Силва, како и Вукашин Воркапиќ