Швајцарецот Лоик Мејард, забележа нов успех во својата кариера и триумфираше на велеслаломот во Вал-д’Изер.
Место на подиумот имаше уште за двајца натпреварувачи од Швајцарија, Лука Аерни и Марко Одермат. Мејард ја заврши трката со време од 2:10:07 минути, додека Аерни заостануваше 18, а Одермат 33 стотинки.
Интересно е тоа што сите тројца водечки скијачи по првото возење, Стефан Бренштајнер, Хенрик Кристоферсен и Тимон Хаудан, не успеаја да освојат водечки позиции во второто возење.
Мејард заврши како победник по петтото место во првото возење, вториот Аерни беше тринаесетти, а третиот Одермат беше четврти.