Свет напад

Двајца убиени во напад со украински дронови во Саратов

Две лица загинаа ноќеска во напад со украински дронови врз рускиот град Саратов, изјави денеска регионалниот гувернер Роман Бусаргин.

Двајца убиени во напад со украински дронови во Саратов

Две лица загинаа ноќеска во напад со украински дронови врз рускиот град Саратов, изјави денеска регионалниот гувернер Роман Бусаргин.

Во изјава на Телеграм, Бусаргин напиша дека две лица загинале, а неодреден број биле ранети во напад врз станбена зграда во градот.

Саратов, кој се наоѓа на реката Волга на околу 625 километри од украинската граница, во последните години е предмет на повторени напади со дронови, насочени кон неговата рафинерија за нафта и голема воздушна база во близина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило вкупно 41 беспилотни летала преку ноќ, од кои 28 биле над регионот Саратов.

Украинците ојавија дека вчера Одеса и регионот биле нападнати пет пати. Локалните канали на Телеграм јавија дека нападот бил комбиниран со дронови и ракети. Локалните власти ги повикуваат жителите да се засолнат во засолништата од бомби.

To top