Женската ракометна селекција на Норвешка третпат во низа ќе игра во финалето на едно Светско првенство.
По освоениот трофеј пред четири години и загубениот дуел за титулата пред две, Норвежанките в недела ќе имаат нова шанса да се искачат на светскиот трон.
На тој начин една од најтрофејните селекции во последните години во финалето ќе се судри со уште еден домаќин – Германија, кој во првото полуфинале славеше над фаворизираната Франција, која е и актуелен светски шампион.
Скандинавската селекција уште од стартот наметна свое темпо на игра и почна да гради сигурно водство. Хени Ела Рајстад одигра неверојатно полувреме и со седум гол беше нерешлива енигма за противникот и најзаслужна за комотното водство на полувреме од четири гола разлика.
Холандија ниту во продолжението немаше сили за надигрување, а откако попушти кон средината на второто полувреме, разликата се искачи на +9 за Норвешка, која што на крај се избори за висок триумф од десет гола (25-35).
Ела Рајстад заврши со десет постигнати погодоци, а солидна кај норвешкиот тим беше и Морк со пет гола. Кај поразениот тим по шест гола имаа Полман и Хаушер.