Добро е за Македонија СДСМ барем едно 10 години да биде во опозиција, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев во емисијата „Меѓу редови“ со новинарката Ивана Ефремов. На прашањето дали гледа некаква шанса СДСМ да се издигнат од сегашната позиција на дното, тој е реален песимист за иднината на партијата предводена од Заевиот ученик Филипче.
-Искрено, не гледам. Мислам дека за овој и ваков СДСМ, постнационален, постмодерен, длабоко заглавен во канџите на Заевизмот, добро е за Македонија барем едно 10-на години да биде во опозиција. Не ние да бидеме арогантни, не ние да бидеме наакани, напротив, треба да бидеме скромни, работливи, ние треба да испорачаме. Но овој и ваков СДСМ, едноставно ниту треба ниту ќе добие доверба од граѓаните на Македонија и од македонскиот народ, затоа што премногу зулум направија.Затоа што премногу се пресни, премногу се свежи сеќавањата на понижувањата и фијаското кое што го видовме минатите 7-8 години, и во делот на државните и национални прашања, и во делот на економијата и секојдневното функционирање. Така што мислам дека отприлика со оваа позиционираност, нормално рано е да се каже, но мислам дека барем два мандати се сврзани, посочи Ѓорчев во „меѓу редови“ на КУРИР.
Предвидува сигурна победа на следниет парламентарни избори, базирано на досегашното искуство во кое првин се победува на локални избори, за да потоа се освои и централната власт.
-Ако погледнете 30 години наназад, во Македонија се доаѓа на власт воглавно, не секога, но најчесто, прво со победа на локални избори, па после тоа доаѓа победа на парламентарните. Ако гледате 96-та година ВМРО во коалиција со Демократска партија, тогаш 96-та година беше победата во Скопје, Приле, Битола, во цела низа на поголеми места и дојде промената во 98-та. 2000-та СДСМ токму овие градовиСкопје, Битола, Штип, Прилеп ги освои, па 20002-ра победи на парламентарните избори. Во 2005-та, по територијалната поделба, тогаш се одложија изборите требаше да бидат 2004-та, ВМРО-ДПМЕН убедливо победи на локалните избори, 2006-та беа парламентарните избори. Значи, генерално, еве и 2021-ва убедливо победивме на локалните избори и 2024-та на парламентарните и на претседателските избори се случи убедливата победа. Сакам да кажам дека СДСМ сега имаат многу мала супстанца на локално ниво, да, имаат 6 општини, коректно, им честитам и треба да им подадеме рака, но нормално и ќе ми беше помило ние да победиме и во тие општини, но не може секаде. На тие нивни 6 победи ние имаме 56. Така што, мислам дека со 6 општини и 6 градоначалници немаат доволна основа да победат на следните парламентарни избори, заклучува Ѓорчев во интервјуто со Ефремов на КУРИР.МК.