Занимливости совет

Темното чоколадо може да го забави стареењето

Научниците од Кингс Колеџ во Лондон со најновата студија наведуваат дека теоброминот, биоактивно соединение природно присутно во темното чоколадо, може да биде поврзан со забавено биолошко стареење.

Истражувачите ги анализирале нивоата на теобромин во крвта и ги споредиле со молекулите на биолошкото стареење и со тоа откриле „значајна поврзаност“ меѓу повисоките концентрации на теоброминот и побавното стареење.

– Ова е многу возбудливо откритие. Следниот чекор е да разбереме што стои зад оваа поврзаност и како прехранбените метаболити влијаат врз нашиот епигеном, изјави научникот Рами Саад, одговорен за оваа студија.

Џордана Бел, професорката по епигеномика на сето тоа додаде дека резултатите укажуваат на тоа дека состојките во темното чоколадо би можеле да имаат главна улога во одржување на младоста.

– Не велиме дека луѓето треба да јадат повеќе чоколадо, но ова може да ни помогне подобро да разбереме кои намирници можат да придонесат за поздрав и подолг живот, рече таа.

Со оваа студија се опфатени 509 испитаници од Велика Британија и 1.160 учесници од германската студија Кора.

To top