Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето нa Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 автошколи.
-При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи што претставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, информираат од Комисијата.
Комисијата продолжува со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти. Доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот.
Комисијата останува посветена на заштита на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите.