На Меѓународниот аеродром Скопје денеска ќе биде испратен три милионитиот патник во една година.
– Среќниот патник ќе биде од летот Скопје – Бари, најави ТАВ Македонија, оператор на аеродромите во државава.
По повод испраќањето на три милионитиот патник, прес-конференција ќе одржат Александар Николоски, заменик претседател на Владата, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.