Фудбалерите на македонскиот шампион Шкендија, се радуваа на нова победа на европската сцена.
Во претпоследната рунда од групната фаза на Конференциската лига, тетовци вечерва, во Скопје, го совладаа тимот на Словен Братислава со 2-0.
Во воведните петнаесетина минути најчесто се играше на средината на теренот. На обете страни видовме по еден без успешен обид.
Во 31.минута Шкендија дојде до водство од 1-0. По корнерот од левата страна, Латифи на првата статива ја зафати топката, која од Барач се одби во мрежата на гостите.
На истекот на првиот дел (45+1) по брзата контра на Вебстер, на вистинското место се најде Спахиу кој зголеми на 2-0.
Во вториот дел гостите се обидуваа да ја намалат негативата, а тетовци преку брзи контри да го загрозат противничкиот гол. така беше и во 73.минута кога Ибраими изби сам пред гостинскиот голман, но наместо мрежата го погоди него во нога.
По оваа победа и трите освоени одови, а вкупно 7, Шкендија во моментов е на 17.место на табелата. Сепак тетовци ќе мора да ги чекаат резултатите од останатите натпревари што ќе се играат вечерва за да прават математики за пласман во нокаут фазата.
Во последното шесто коло, Шкендија ќе следниот четврток (18 декември) ќе гостува на Кипар во Ларнака кај АЕК.