Старлетата и поранешна учесничка во реално шоу, Ава Карабатиќ, денес објави дека е бремена. Веста стана вирална откако направила тест за бременост.
Ава е позната како некој што споделува и убави и грди моменти со своите следбеници, па затоа не сакаше да ја крие ниту оваа вест.
– Бремена сум, штотуку направив тест, во шок сум… – напиша Ава Карабатиќ на својот Фејсбук профил.

Ава неодамна објави дека држи приватни часови во различни области.
– Драги родители и ученици, ако барате професионална поддршка и квалитетни часови, знаете кому да се обратите. Нудам индивидуален пристап, прилагоден на вашите потреби, со цел подобро разбирање на материјалот и постигнување одлични резултати – напиша таа.
Ана нуди познавање на латински, англиски, италијански и руски јазик, а исто така понуди да држи часови по математика, хемија и историја.