Премиера 20:00
Гледај во живо
Македонија „Притисокот е голем врз Венко Филипче да си замине“

Мицкоски: Филипче, Фрчковски и Жерновски нека бараат мигранти кои се дел од договор – ако има јас ќе заминам, ако нема ќе мора да се извинат

-Оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчковски и заедно со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најдат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија или било каков договор кој што сме го преземале. И ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно, тие да ми се извинат на мене и на граѓаните што шират паника без потреба, рече премиерот.

Мицкоски: Филипче, Фрчковски и Жерновски нека бараат мигранти кои се дел од договор – ако има јас ќе заминам, ако нема ќе мора да се извинат

Премиерот Христијан Мицкоски денес одговори на новинарско прашање прашан за коментар по изјавите на СДСМ и Филипче за наводен договор за носење мигранти.

-Немаат тема. Притисокот е голем врз Венко Филипче да си замине, и од внатре и од надвор. Наеднаш, ПР тимот му вели „сега темата ќе биде мигранти, еве два таблоиди во Велика Британија објавија, ајде на оваа тема да се качиме и да ја туркаме“. Мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе. Две теми се од неговата денешна прес-конференција кои што можам да ги коментирам, првата се мигрантите, а втората недостасувале во буџетот една милијарда евра и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Каква е суштината и каква е вистината? Прво политички да му одговорам, бидејќи го спомна пролет, оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчковски и заедно со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најдат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија или било каков договор кој што сме го преземале. И ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно, тие да ми се извинат на мене и на граѓаните што шират паника без потреба, рече премиерот.

Вели дека оваа негова понуда важи бесконечно, односно се додека е тој претседател на Владата.

-Додека тие зборуваат за милијардите кои што недостасуваат, веќе 10 милијарди во првите 5 дена од декември влегоа во Буџетот. И сега не се веќе 300, туку се 310 милијарди  денари приходи, но никој од нив не ја коментира расходната страна. Затоа што и приходната и расходната страна на буџетот одат паралелно. За да ви фалат во буџетот и за да требате вие таа буџетска дупка да ја покриете, тој буџетски дефицит, потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа се случува сето тоа што го зборувам. Приходите и расходите се пратат едни со други и на крајот кога ќе ги споредите капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит тие горе-доле ќе бидат исти. Тоа значи дека ние нема да се задолжиме за да го зголемиме долгот, напротив, на крајот од годината тој долг ќе биде помал од оној кој што сме го имале, рече тој.

Премиерот истакна дека следната година треба да вратат нешто повеќе од 2,2 милијарди евра.

-Ќе ги вратиме сите тие пари кои што тие претходно ги украдоа за ред скандали кои ги имаа во минатото. Се надевам дека сега новиот обвинител и ослободеното обвинителство многу послободно ќе работат отколку овој октруираниот кој конечно ќе замине, рече тој.

На граѓаните им порача да не се грижат – нема да има мигранти, буџетот е во одлична кондиција.

Најнови вести од Македонија

To top