Македонија Меѓународниот ден на човековите права

Далип: Премиерот Мицкоски е единствена надеж за унапредување на правата на Египќаните

Далип: Премиерот Мицкоски е единствена надеж за унапредување на правата на Египќаните
Соопштение на Демир Далип:
„По повод 10 Декември, Меѓународниот ден на човековите права, како посебна и автохтона етничка заедница, Египќаните и во поранешниот систем и од самостојувањето  на Македонија, се соочуваат со многу проблеми, кога е во прашање човековите права и слободи. Ова етничка заедница се соочува со институционална неинтегрираност, без соодветна и правична застапеност, без фер шанса, а токму почитувањето на човековите права и слободи се темелот на Демократијата како вредносен систем.  Египќаните се лојални на државата, за нив Македонија е нивна единствена татковина, и во таа насока  сакаат да бидат рамноправни и еднакви со сите граѓани во Македонија, и тоа не само декларатиовно, туку и реално и суштински. Македонија како држава, ратификувала Меѓународни конвенции кои се однесуваат на човековите права, и токму затоа очекуваме истите да бидат исполнети. Во претходните години, многу тешко Египќаните доаѓале до плодоуживање на нивните човекови права, иако Македонија е демократска и слободна држава.
Сите надежи ги имаме насочени кон нашиот драг пријател и поддржувач, Премиерот и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Проф.Д-р Христијан Мицкоски.
Со пристапување на НГИ„КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ кон победниќката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ започна процесот кон интеграција на Египќаните, а за тоа му благодариме на Лидерот Христијан Мицкоски, истакна Дипл.правник Демир Далип, лидер на НГИ„КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“.“

Најнови вести од Македонија

To top