Ракомет

Норвешка преку Црна Гора до најдобрите четири на СП

Норвешка преку Црна Гора до најдобрите четири на СП

Ракометната репрезентација на Норвешка ја оправда фаворитската улога и ја совлада Црна Гора во четвртфиналето на Светското ракометно првенство со 32-23, на тој начин обезбедувајќи пласман во полуфиналето и нова можност за медал од големите натпреварувања.

Најдобра ракометарка во победничкиот состав беше Хени Рајстад со девет голови, додека на спротивната страна осум погодоци запиша Ѓурѓина Јауковиќ. Норвешка во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Холандија и Унгарија.

To top