Фудбал Неопределено отсуство поради депресија

Араухо можеби нема повторно да игра за Барселона

Барселона му даде на Араухо неопределено отсуство поради депресија. Дефанзивецот има проблеми со менталното здравје откако беше исклучен против Челзи.

Араухо можеби нема повторно да игра за Барселона

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо, може да го напушти тимот поради здравствени проблеми, објави „COPE“.

Дваесет и шестгодишниот Арухо е надвор од терените од крајот на ноември. Првично, тренерот на Барселона, Ханси Флик, објави дека играчот имал инфекција со ротавирус, но подоцна се појавија информации дека Араухо зел непланиран одмор поради психолошки тешкотии.

Барселона му даде на Араухо неопределено отсуство поради депресија. Дефанзивецот има проблеми со менталното здравје откако беше исклучен против Челзи.

Според изворот, проблемите со менталното здравје на дефанзивецот се посериозни отколку што првично се мислеше. Можеби нема повторно да игра за Барселона.

Араухо е во каталонскиот тим од 2018 година. Во сезоната 2025/26, тој настапи на 15 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола. (МИА)

To top