Фудбалската репрезентација на Македонија го започнува својот најважен предизвик во новата година – баражот за пласман на Светското првенство 2026.
УЕФА ја потврди официјалната саатница за полуфиналниот меч против Данска, кој ќе се одигра на 26 март на „Паркен“ во Копенхаген во 20:45 часот.
Доколку Македонија успее да слави во Копенхаген, во финалето ќе се соочи со победникот од дуелотмеѓу Ирска и Чешка
Финалниот натпревар ќе реши кој од овие четири национални тимови ќе обезбеди место на Мундијалот во 2026 година, што првпат ќе се одржи во три земји –САД Канада и Мексико.