Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ се одржа ликовна изложба на група талентирани уметници-аматери кои живеат и творaт на територијата на општина Илинден.
Настанот привлече голем број љубители на уметноста, кои имаа можност да уживаат во околу 40 уметнички дела создадени со посветена работа и
искрена љубов кон сликарството. Меѓу присутните, на изложбата беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Седмата по ред изложба од овој карактер претставува уште една потврда за континуираната заложба на општина Илинден во унапредувањето и
негувањето на културата и уметничкото творештво. Општината останува цврсто посветена во создавање можности и простор за афирмација на сите таленти кои живеат и творат на нејзина територија.