Британската амбасада во Скопје директно ги демантира лажните вести на СДСМ темелени на крајно шпекулативен текст, полн со конструкции и непроверени податоци на честопати сензационалистичкиот “Times”, текст базиран на неолиберални ставови и наводи изместени од контекст подобни за злоупотреба од македонската индолентна опозиција.
Во објава на Британската амбасада се потсетува на хронологијата на потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство со Македонија и јасно се нагласува во заклучокот дека заложбите се за заедничка борба со нелегалната миграција преку Joint Migration Task Force за битка со имиграцискиот организиран криминал, засилување на безбедноста и справување со криминалната мрежа.
Не за мигрантски кампови, како што тврди опозицијата, базирајќи се на псевдо-текстови на сензационалистички медиуми..
Нов тонч за лажните вести на опозицијата раководена од сивата еминенција Заев, политичка структура во распад која не знае да дејствува поинаку.
