Музика албум

Таско премиерно ја претстави „Рани од злато“ – моќна приказна во нов сингл и спот

Нашиот познат хип-хоп артист Таско вчера го промовираше видеоспотот за својот најнов сингл „Рани од злато“, кој воедно е и насловната песна од неговиот истоимен претстоен албум.

„Рани од злато“ ја носи препознатливата емоција и директност на Таско – и музички и лирски.

Музика: Таско
Текст: Таско
Аранжман / Бит: The Thrillz
Микс / Мастеринг: Таско

Како прва песна од албумот, нумерата го поставува тонот на целокупниот проект и најавува интимна, длабока и современа хип-хоп атмосфера.

Спотот е изработен под етикетата Urban Records, а зад целокупната визуелна изведба стои тим предводен од:

Режија: Никола Наумовски
Извршни продуценти: Таско и Никола Наумовски
Директор на фотографија: Никола Наумовски
Монтажа: Никола Наумовски
Колор корекција: Никола Наумовски

Минималистичката, но естетски силна визуелна поставеност го нагласува интензитетот на песната, додека режијата и фотографијата создаваат атмосфера што совршено го следи личниот стил и енергетскиот печат на Таско.

Новиот албум „Рани од злато“ се најавува како моќен авторски проект на Таско, во кој доминираат лични приказни, емотивни наративи и современа хип-хоп продукција. Со објавувањето на овој сингл, фановите добија јасна навестување за насоката во која се движи уметникот – искрен, зрел и моќен звук.

Најнови вести од Музика

To top