Хроника Во близина на Куманово

Малолетници од Кочани возеле мигранти од Мароко, Алжир и Судан

На 30.11.2025 во близина на Куманово, полициски службеници забележале патничко возило „фолксваген пасат’’, во кое се превезувале пријавените, а кое не застанало на даден знак. Набргу, возилото запрело, а пријавените се обиделе да побегнат.

Малолетници од Кочани возеле мигранти од Мароко, Алжир и Судан

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „криумчарење на мигранти“.

На 30.11.2025 во близина на Куманово, полициски службеници забележале патничко возило „фолксваген пасат’’, во кое се превезувале пријавените, а кое не застанало на даден знак.

Набргу, возилото запрело, а пријавените се обиделе да побегнат.

По преземени мерки, тие се пронајдени и лишени од слобода, а во возилото се пронајдени пет лица – мигранти, од кои тројца од Мароко, еден од Алжир и еден од Судан.

To top