Хроника ОВР Струга

Не го истакнал македонското знаме: Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга

Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината, ниту на дел од кејот на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Р. Македонија, што според закон биле обврзани да го направат.

Не го истакнал македонското знаме: Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ. (65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р. Македонија.

Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината, ниту на дел од кејот на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Р. Македонија, што според закон биле обврзани да го направат.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се дистанцираше од градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, кој на власт дојде исклучиво благодарение на масовната поддршка од македонските гласачи мобилизирани од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лично му испратив порака на градоначалникот дека сум разочаран. Ме убедуваше дека така било секоја година, но не е така, изјави Мицкоски.

Сега, кога Ќира ја изгуби довербата на партијата што го донесе на власт, неговата политичка иднина е доведена во прашање.

-Му кажав дека ова му е лош почеток, а втора шанса за прв впечаток нема. Првиот беше катастрофален, истакна премиерот.

Мицкоски најави дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општинскиот совет на Струга веројатно нема да ја поддржат работата на градоначалникот во иднина, што практично значи дека Ќура ќе остане без политичка поддршка на која ја заснова својата изборна кампања.

To top