Познати тајна но сепак јавна за медиумско внимание

Познатата Саманта од „Sex and the City“ тајно се омажи на 70 години

Парот не сакал раскошна прослава ниту медиумско внимание, па затоа ја организирале церемонијата во Лондон, во присуство на само 12 гости.

Познатата Саманта од „Sex and the City“ тајно се омажи на 70 години

Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Ким Картрал (69), стапи во брак со својот долгогодишен партнер Расел Томас (55), а за венчавката официјално не сакала да се огласи.

Според информациите на People, парот не сакал раскошна прослава ниту медиумско внимание, па затоа ја организирале церемонијата во Лондон, во присуство на само 12 гости. Така ја крунисале својата љубов која од самиот почеток ја чувале подалеку од јавноста.

Тие направија елегантна венчавка, далеку од очите на јавноста.

За овој специјален ден, Картрал избрала Dior комплет опишан како „тих, ненаметлив и суптилен“, со што ја задржала препознатливата елеганција. Стилизирањето го направила нејзината пријателка Патриша Филд – легендарната костимографка од сетот на култната серија. Во своето издание Ким додала и фасцинатор.

Младоженецот блеснал во класично одело, со беспрекорен стил за кој се погрижил Ричард Џејмс.

Printscreen / Instagram / people

Ким Картрал и Расел Томас се запознале во 2016 година, кога таа гостувала во една епизода од „Woman’s Hour“ на BBC, каде што Расел работел како тонак. Иако речиси ништо не е познато за нивната приватна врска, се знае дека многу брзо сфатиле колку се слични.

„Тој е вистински шегобиец. Со него се чувствувам прекрасно, а и пријатно е да се гледа,“ изјавила Ким во една прилика.

Четвртиот брак можеби е вистинската љубов за Ким Катрал.

Ова е четврти брак за Картрал. Првиот сопруг ѝ бил Лери Дејвис (1977–1979), потоа седум години била со Андре Лион, а со третиот сопруг Марк Левинсон била во брак од 1998 до 2004 година.

Можеби вистинската љубов ја пронашла дури сега – на прагот на осмата деценија од животот – со 14 години помладиот Расел Томас.

To top