Венко Филипче денеска го достигна дното на својата политичка кариера. Подрум на дното, поверојатно.
Ликот кој кога стана претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ трлаше раце и се радуваше што Бихаќка доби лидер со криминален багаж-планина зад себе, составен од дузина афери меѓу кои: – Бонбона бизнисот со корона-вакцините, -Модуларната болница, -Јагленот од Грција кој инкасираше пари кај Вице во Бугарија, а Венко доби џип од 130.000 евра, сето тоа зачинето со „Дијамед“ на Ден Дончев и хациендите во Нерези, сега ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, ќе формира „Антикорупциски тим“ на накорумпираната партија во регионот и пошироко?! Првото прашање кое ви паѓа на ум е – ДАЛИ СДС ЌЕ СЕ САМОЗАТВОРИ, бидејќи зборуваме за најкорумпираната партија во Македонија, со блага конкуренција во ДУИ. Монтипајтоновски или не, но дали нема да дозволат власта да ги затвори за криминалите, па тие самите превентивно ќе го сторат истото. Политичко харакири, толку соодветно за политикантската камиказа Филипче. Партијата и онака е пред затворање, па барем тие да не одат во затвор…
Арно ама, луцидноста на Филипче не застанува тука. Најави и пуштање на т.н. „БОМБИ 2.0“ за наводни афери на власта. Прашањето е дали нив ќе ги сече и лепи истата екипа на Заев, кој со сигурност стои зад ова, или Венко има нови монтажери на платниот список. Веројатно, првото.
Денеска, луцидниот и инфантилен лидер на СДС најави:
„Што ќе работи овој антикорупцицски тим? Тоа што го гледаме овие денови. Ќе истражува скандали, ќе анализира документи, ќе ги презентира до јавноста, ќе ги разоткрива сите корупциски шеми на оваа криминална власт, ќе поднесува соодветни пријави до национални и до меѓународни институции. Така како што почнавме така ќе продолжиме да откриваме и понатаму. Зад ова стои енергијата на младите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. И тоа е новата сила што ќе гради европски вредности во европска Македонија“, изјави „претседателот“ на СДСМ.
Исто како што Адолф Хитлер ги пушти да гинат децата во првите борбени редови на крајот на 2-та Светска војна, така и Адолф Филипче сега во првите борбени редови ќе ја истопори Младината на СДС. Историјата се повторува, грдо и пластично. Ќе го бранат деца, исто како и Хитлер. Дали ќе вклучи и малолетници, за да не можат кривично да одговараат, прапшуваат познавачите?
Комично и патетично, но помош, рече Филипче, ќе биде побарана и од антикорупциските институции во Италија и да се искористи нивното децениско искуство во борбата против Коза ностра, една од најорганизираните криминални организации во историјата на Италија и Европа?!?! Дали со ова најави дека Италијанците ќе бидат оние кои ќе го затворат него и криминогената врхушка од македонската Јаре Ностра, за да истите не лежат во македонските затвори?
Во позадина на сета оваа бурлеска лежи фактот дека Филипче се плаши од она што следува. Лидерот на СДСМ знае дека кругот околу него и Заев се затвора, а аферата со пченицата од 800.000 евра од Љупче Путер Николовски наградена со грант од 1.4 милиони евра за Црпковиот Мамас е само подножјето на огромната санта криминали во која тој и неговиот муртински ментор учествувале во минатите 8 години.
Стравот куќата ја чува, та нели и на изборите се „бореа за својот дом (читај хациенда)“, па СДС пак со лажни вести ќе се борат против реалниот, сопствен криминал.
Граѓаните веќе коментираат по социјалните мрежи, ако власта ја повтори грешката од минатиот пат и при првата објава на нелегална бомба дадена од нивните удбашки служби во институциите, не ги „стрпа“ (како што велат) во затвор, тогаш си ја заслужуваат судбината која им следува. А сите знаат, дека нема да биде така, дека мина времето на неказнивост и башибозук. По социјалните мрежи посочуваат и се шегуваат дека веќе се прави простор во македонските истражни затвори, се носат креветчиња, душеци и ред други работи.
Ако се прашувавте, ете како крајот на Филипче како „лидер“ мириса…