Култура влезот е слободен

Драмски со претставата „Чудесна терапија“ утре гостува во Гевгелија

Пиесата е работена по драмски текст на Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, а улогите во претставата ги играат актерите на Драмскиот театар: Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ-Пановска и Предраг Павловски.

Драмски со претставата „Чудесна терапија“ утре гостува во Гевгелија

Драмски театар утре, на 6 декември, во 19 часот на сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе ја игра претставата „Чудесна терапија“. Гостувањето се реализира во рамките на програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“. Организаторот Општина Гевгелија и Народниот театар информираат дека за публиката на оваа претстава влезот е слободен.

Претставата „Чудесна терапија“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата во 2019 година и има забележено десетина гостувања во повеќе градови во Македонија и на театарските фестивали во земјите од регионот каде што била одлично прифатена од публиката.

Пиесата е работена по драмски текст на Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, а улогите во претставата ги играат актерите на Драмскиот театар: Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ-Пановска и Предраг Павловски.

Во претставата преку суптилна драматуршка нишка и препознатлив хумор, се отвора темата за партнeрските односи и потребата од искрена комуникација како клуч за нивно градење и одржување.

„Чудесна терапија“ ја истражува потребата од чиста, искрена и свесна комуникација меѓу партнерите, истакнувајќи дека начинот на кој се надминуваат животните пречки може да ја зацврсти врската или целосно да ја промени. Претставата ја носи универзалната порака за емотивната зрелост и важноста на дијалогот.

Публиката во Гевгелија ја очекува вечер проткаена со хумор, себепрепознавање и театарско искуство што нуди и уметничко доживување и потсетување на важноста за блискоста и трпението во динамичниот начин на живот и современите партнерски релации.

Најнови вести од Култура

To top