Тренерот на Чикаго булс, Били Донован, објави дека Ноа Есенг ќе биде подложен на операција на левото рамо, што ќе го остави надвор до крајот на сезоната 2025/26.
Осумнаесетгодишниот француски кошаркар го имаше своето деби во НБА во победата над Вашингтон (121:120). Тој исто така играше во поразот од Њу Орлеанс со 130:143. Есенг остана без постигнати поени во двата натпревара.
-Мислам дека препораката беше да се реши проблемот сега, наместо да се чека, бидејќи може да продолжи да го мачи, изјави Донован за клупската веб-страница на Чикаго булс.
Во Г-лигата за Винди Сити Булс, Есенг имаше просек од 23 поени, 8,5 скока и 30,8 минути по натпревар во четири натпревари.