Останати спортови

Ставре Јада со настапи на ФИС трките во Италија и Швајцарија

Ставре Јада со настапи на ФИС трките во Италија и Швајцарија

Ставре Јада се натпреваруваше на две ФИС трки и имаше респектабилни настапи против врвните светски скијачи.

Македонскиот претставник прво настапи на трката на 10 километри во Санта Катерина Валфурва во Италија.

Таму се пласира на 33. позиција во конкуренција од 55 скијачи и за тоа освои 118 ФИС поени.

Ден подоцна Јада настапи на трката во Сент Мориц во Швајцарија. Таму Македонецот се пласира на одличното 23. место во конкуренција на 103 скијачи и освои уште 115 поени.

To top