На покана на амбасадорот на Република Казахстан во Македонија Н.Е. Сатибалди Буршаков, делегација од Општина Куманово предводена од претседателката на Совет на Општината Ивана Ѓорѓиевска, присуствуваше на настанот „Срцето на Евроазија“.
Овој настан се одржува по повод 30 години успешни и стабилни дипломатски односи меѓу двете држави.
Пред присутните претставници на дипломатскиот кор и почесниот конзул на Р Казахстан во Куманово Ејуп Абдулахи, беше презентирана културата, традицијата и историското богатство на оваа држава, преку изложба и изворна културно-уметничка програма.
Општина Куманово продолжува да се залага за зајакнување на воспоставената основа на партнерство меѓу двете држави, преку нови иницијативи и пријателски односи.