Познати Доби притвор

Уапсен мажот кој ја прогонуваше Шакира: Сакал да влезе во нејзиниот дом, а тоа што го кажа на судијата ги шокираше сите

-Таа е моја сопруга, му рекол на судијата и истакнал дека „постојано разговара со неа“.

Уапсен мажот кој ја прогонуваше Шакира: Сакал да влезе во нејзиниот дом, а тоа што го кажа на судијата ги шокираше сите

Осомничениот прогонувач кој тврди дека Шакира е „неговата сопруга“ беше уапсен пред нејзиниот дом во Мајами, откако наводно за неа испратил подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки.

Даниел Џон Волтиер беше приведен во понеделникот и обвинет за прогонување и следење, според извештајот од апсењето.

Според Дејли Мејл, 56-годишникот од Тексас наводно споделил повеќе објави на социјалните мрежи за Шакира, кои нејзиниот тим за безбедност ги предал на властите на 3 јануари.

Тој се појавил пред куќата на пејачката само пет дена подоцна, со такси, во 12 часот и 45 минути, а набрзо бил уапсен. На Валтиер му беше одреден притвор и се појави на суд, каде рече дека не може да ја исполни наредбата да се држи подалеку од колумбиската пејачка.

-Таа е моја сопруга, му рекол на судијата и истакнал дека „постојано разговара со неа“.

Инаку, не е јасно дали Шакира била во куќата кога пристигнал осомничениот и брзо бил приведен.

To top