Состојки:
100 грама интегрално брашно
50 грама овесни снегулки
30 грама мешано: сончоглед, лен, сусам
50 мл масло
една жолчка
1/2 лажичка сол
една лажичка прашок за пециво
3-4 лажици јогурт
Подготовка:
Измелете ги овесните снегулки во блендер (не до крај, само додека не се ронат). Во сад измешајте ги овесните снегулки и мешавината од семки , додадете брашно, прашок за пециво, сол и мешајте неколку пати. Додадете масло и жолчка и мешајте додека не се соедини,. а на крај додадете јогурт. Истурете ја смесата на работната површина и месете го тестото. Ако тестото е многу лепливо, додадете само малку брашно, а ако не се соединува, додадете малку јогурт. Ставете го тестото во фрижидер 10-15 минути. Развлечете го тестото до дебелината што ја сакате, малку ќе нарасне додека се пече. Исечете форми по желба и печете на 180-190 степени околу 10-12 минути. Наросете со мешавината од семки.