Со победата против Тулуз Вардар 1961 го потврди пласманот во главната групна фаза на Европската лига и меѓу шеснаесетте најдобри ќе влезе од првата позиција.
Познато е дека во новоформираната група Мелсунген ќе пренесе четири, Вардар 1961 и Кристијанштад по два, а Бенфика е без бодови.
Веќе е познат и распоредот на натпревари напролет, кога ќе се води битка за место на завршниот турнир во мај.
Распоред на Вардар 1961 во главната групна фаза на ЕЛ:
17/02.2026 – Вардар 1961 – Мелсунген
24.02.2026 – Бенфика – Вардар 1961
03.03.2026 – Вардар 1961 – Бенфика
10.03.2026 – Мелсунген – Вардар 1961
Минатата сезона Вардар 1961 во Европската лига немаше особен успех и испадна во првата групна фаза.