Македонија Собрание

Стојаноски со повик до сите пратеници: Анкетна комисија за сите трагедии кои што се случија во Македонија

Така да, практично сметам дека и за ова треба да најдеме еден заеднички јазик во кој што ќе успееме таа комисија да ја одржиме и да бидат присутни сите оние кој што се поканете од тој кој што ја има закажано, но и од оние кои што имаат поднесено иницијативата, рече Стојаноски.

Стојаноски со повик до сите пратеници: Анкетна комисија за сите трагедии кои што се случија во Македонија

На денешната седница во Собранието на дневниот ред се двете иницијативи од пратеничките групи за одржување на анкетна комисија за трагедиите кои што се случува во Република Македонија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати два апела до сите пратенички групи во Собранието.

-Во првиот апел сакам да ги повикам сите пратенички групи да ја подржат иницијативата, потпишана од над 75 пратеници за одржување на анкетна комисија за сите трагедии кои што се случија во Р. Македонија, бидејќи сметам дека тоа е особено важно, бидејќи Собранието како орган има должност и обврска спрема граѓаните да ги даде одговорите на сите трагедија кои што се случија, особено заради тоа што најголем дел од населението и практично се уште бара одговори или сметат дека тие одговори кои што се дадени на некои претходно случени трагедии не ги опфаќаат сите виновници кои што треба да бидат најдени пред лицето на правдата. Сметам дека треба да бидеме особено внимателни, бидејќи за една од тие трагедија се води судски процес и тоа практично ќе значи дека ние како орган, како пратеници, треба да внимаваме и на нашиот дигнитет и соодветно на тоа да ги опфатиме сите оние трагедии кои што се случуваат за да им дадеме на граѓаните тоа што го бараат, а тоа е правда и конечен одговор на прашањето кој е виновен затоа што тоа репетитивно се случува во нашата држава, посочи тој.

Стојаноски вториот апел го упати исто така до сите пратенички групи, а особено до пратеничката група која што ја управува таа комисија.

-Ние сакаме да учествуваме на комисијата која што е закажана на деветти, но во истиот тој ден е закажана и седница за буџетот на кој што најголем дел од пратениците од мнозинството треба да бидат присутни за да гласаат и дневен ред, но потоа и практично не може да се предвиди дали ќе треба тој буџет да се гласа заради говорниците понатаму. И сметаме дека е коректно сите заедно да се договориме за датум на кој што ќе можеме да бидеме присутни сите, на кој што ќе можат да бидат присутни сите оние кој што се повикани, на кој што ќе можат да бидат присутни и Премиерот на Владата на Република Македонија и на тој начин да им ги дадеме одговорите и на родителите, но и на подносителите на таа иницијатива. Така да, практично сметам дека и за ова треба да најдеме еден заеднички јазик во кој што ќе успееме таа комисија да ја одржиме и да бидат присутни сите оние кој што се поканете од тој кој што ја има закажано, но и од оние кои што имаат поднесено иницијативата, рече Стојаноски.

To top