Македонија ПИОМ

„Основната цел на пензискиот систем е овозможување на достоинствен живот на возрасните луѓе, за што државата треба да обезбеди механизми“, потенцира директорот Мемов

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов кој беше гостин во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, нагласи дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, таа е тековна, и ја гарантира владата и тоа е пропишано и во членот 241 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Во однос на финансиската состојба во Фондот, тој рече дека планираната наплата на придонеси за периодот јануари-спетември 2025 година е реализирана 95 проценти. Така што стабилноста на исплатата на пензиите, ликвидноста на Фондот, е согласно предвидувањата и нема место за било какви вознемирувања на пензионерите, како една од осетливите категории на граѓани во земјата.

„Основната цел на пензискиот систем е овозможување на достоинствен живот на возрасните луѓе,  за што државата треба  да обезбеди механизми“, потенцира директорот Мемов

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов кој беше гостин во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, нагласи дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, таа е тековна, и ја гарантира владата и тоа е пропишано и во членот 241 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Во однос на финансиската состојба во Фондот, тој рече дека планираната наплата на придонеси за периодот јануари-спетември 2025 година е реализирана 95 проценти. Така што стабилноста на исплатата на пензиите, ликвидноста на Фондот, е согласно предвидувањата и нема место за било какви вознемирувања на пензионерите, како една од осетливите категории на граѓани во земјата.

„Буџетот на ПИОМ за следната година е планиран на 151 милијарда денари, тоа се околу две ипол милјарди евра. Од нив 1,9 милијарди евра, односно 117 милијарди денари се предвидени за исплата на пензиите, а остатокот од средствата во буџетот е за исплатата на здравственото осигурување на пензионерите, во висина од 13 проценти од нето пензијата и транзициските трошоци во висина од околу 19,5 милијарди денари за пензиските друштва во вториот столб“, рече Мемов.

На прашањето колку од овие 117 милијарди денари за исплатата на пензиите ќе треба да се надополнат со трансфер од централниот буџет, директорот на Фондот, Мемов објасни:

„Планираните трансфери од владата, за нормалното функционирање на Фондот, за 2026 година се одредени на 62 милијарди денари, односно една милијарда евра. Од нив 30 милјарди денари, т.е. околу 500 милиони евра, се наменети за исплата на зголемените пензии во висина од седум илјади денари за сите пензионери. Остатокот од 32 милијарди денари се за исплатата на здравственото осигурување на пензионерите и трансферите кон вториот столб“.

На констатицијата дека во од се менува пензискиот систем кој е економска категорија, директорот Мемов потенцира дека пензискиот систем не е економска категорија, а концептот на пензискиот систем во Македонија е солидарно-социјален.

„Апсолутно нема промена на играта во пензискиот систем и менување во од. Во 2022 година е донесен законот со кој е воведен швајцарскиот модел на 50 -50 животни трошоци и зголемување на платите. Во 2022 година покачувањето на пензиите било вкупно 9,7 проценти, во 2023 година 13 проценти. Во 2024 година усогласувањето во март беше 5,3 проценти. Од септември месец 2024 година до денеска пензиите се покачени за 29,6 проценти. Досега ниту една влада ги нема покачено пензиите со ваков износ“, нагласи Мемов.

Запрашан колку ваквите мерки на покачување на пензиите влијаат на стабилноста на Фондот, директорот Мемов одговори:

„Трансферите од владата преку Министерството за социјална политика континуирано растат, затоа што расте и висината на пензиите. За следната 2026 година се планирани 117 милијарди за исплата на пензиите. Од изворните приходи Фондот на ПИОМ планирано е да обезбеди 87 милијарди денари и имаме недостаток од 30 милијарди денари, или 500 милиони евра. Ако се направи математика ќе се види дека толкав е износот за покачување на пензиите, односно тоа се трансферите од владата“.

Во однос на тоа како да се подобри приливот на средства во Фондот, директорот Мемов рече дека се размислсува за повеќе варијанти, но мора да се гледаат сите чинители, затоа што ако се зголемат, на пример само придонесите, работодавачите ќе бараат начин како да си го заштитат бизнисот.

„Зголемувањето на стапката на придонесот не значи автоматски дека приливот на средства ќе биде повисок во Фондот“, нагласи тој.

Запрашан каква одлука очекува од Уставниот суд во однос на поднесените иницијативи за начинот на усогласувањето на пензиите, Мемов рече дека не очекува да се донесе одлука за неуставност на одредбите од законите.

„Мислам дека ова линеарно зголемување законски е правично и праведно. Во однос на вторатата инцијатива поради неисплатата на покачувањето на пензионерите кои пензиите ги примаат во странски банки аргументацијата е дека за нив не важат ценовните шокови, инфлацијата во Македонија,“ рече тој.

На прашањето дали ќе видиме вистински реформи на пензискиот систем, Мемов рече дека треба секогаш да имаме предвид дека Македонија е социјална држава. И најсензитивните категории треба да бидат заштитени.

„Основната цел на пензискиот систем е овозможување на достоинствен живот на возрасните луѓе коишто не се способни во текот на староста да работат, а имат придонесено за општеството и државата. Битно е државата да обезбеди механизми овие луѓе да живеат достоинствен живот и да имаат мирна старост. Тоа е главната поента на постоењето на пензискиот систем“, потенцира директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

To top