Со пет победи и еден пораз од Лристојанштад и два бода се пласираа во следната рунда, а тренерот на РК Вардар Иван Чупиќ го истакна своето задоволство.
„Одигравме уште еден фер меч со Тулуз, екипа која е по мој вкус, сака да трча и да се бори и не се предава. За мене од две причини натпреварот беше многу важен. Знаев каков е менталитетот напротивничкиот тренер и знаев дека нема да се предадат, иако не им значи средбата. Тие дојдоа тука да победат и да се борат, а така и беше. Не бев задоволен од мојата екипа во првиот дел. Немавме енергија во одбрана, ама играњето во Европа не дозволува опуштање. Затоа во продолжението го кренавме темпото, публиката и сето тоа кога се спои направивме доволно за победа и нови два бода“, изјави Хрватот.
Освен тренерот на вардарци на средбата со новинарите се обрати и голманот на вардарци Васил Гогов.
„Иако немаше резутлатско значење, дадовме се од себе да победиме и да го задржиме победничкиот менталитет. Ни следуваат важни средби и оваа победа ни беше од големо значење“, изјави Гогов.