Занимливости Заборавете на тушот

ВИДЕО: И ова измислија – Машина за перење луѓе, еве како функционира, а од цената ќе ви се сврти како на центрифуга

ВИДЕО: И ова измислија – Машина за перење луѓе, еве како функционира, а од цената ќе ви се сврти како на центрифуга

На овогодинешниот светски саем Експо во Осака, посебно внимание привлече футуристичката капсула на јапонскиот производител на технологија Science – машина за перење не за облека, туку за луѓе.

На прв поглед, уредот изгледа како капсула од научно-фантастичен филм. Претседателот на компанијата Science инспирација за овој проект пронашол како дете во 1970 година, кога видел сличен уред на тогашниот Експо.

Целиот процес на „перење“ трае само 15 минути, а корисниците воопшто не мора да се движат, вели тој.

Во ова време:

-телото автоматски се чисти
-сензорите ги мерат виталните функции
-се пушта смирувачка музика
-се прикажуваат визуелни ефекти за длабока релаксација

Иако нема класична „центрифуга“, вградениот фен гарантира дека корисникот нема да мора да се брише со крпа.


Висока цена и ограничена достапност

Цената на оваа иновација е околу 333.000 евра, а планирано е да се произведат само 50 парчиња. Еден од првите уреди веќе е продаден во јапонски хотел, каде што гостите ќе можат да го пробаат овој необичен вид хигиенска услуга

Тестирање и планови

Сè уште не е познато кога ќе започне официјалната продажба, но на крајот на декември 2025 година, заинтересираните ќе можат да го тестираат уредот во продавница за електроника во Икебукуро, која исто така нарачала свој примерок.

Оваа „машина за перење за луѓе“ ги комбинира хигиената, здравјето и благосостојбата на начин што наскоро би можел да го промени начинот на кој размислуваме за секојдневната нега на телото.

To top