Познати

ВИДЕО: Сиена Милер го покажа трудничкиот стомак, го очекува третото дете

ВИДЕО: Сиена Милер го покажа трудничкиот стомак, го очекува третото дете

Британската актерка Сиена Милер беше далеку од јавноста во последните месеци, а причината за тоа ја откри на доделувањето на Модните награди во Лондон. Актерката го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих.

Милер го очекува своето трето дете – второто со актерот Оли Грин, и се чини дека чекаше на церемонијата на доделувањето на Модните награди за да ја објави среќната вест.

Таа блесна на црвениот тепих во провиден фустан од колекцијата пролет/лето 2026 на модната куќа Живанши. Фустанот имаше носталгичен шмек од 2000-тите, со референци на боемски стил и естетика слична на онаа што во минатото ја популаризираше пејачката Стиви Никс.

Сиена има две деца. Марлоу Стариџ ја доби својата прва ќерка во 2012 година со нејзиниот поранешен партнер Том Стариџ. Тие беа во врска од 2011 до 2015 година.

Со актерот и модел Оли Грин, таа имаше второ дете, девојче, кое го потврди за медиумите на почетокот на 2024 година. Двојката сè уште не го открила јавно името на нивната ќерка.

To top