Хроника Долно Блаце

Илегално сакале да излезат од Македонија, приведени четири лица од Пакистан

При извршени проверки констатирано е дека оствариле влез во државата на 28.11.2025 на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, но дека немаат остварен излез од државата.

Илегално сакале да излезат од Македонија, приведени четири лица од Пакистан

На 01.12.2025 во 11:20 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги приведоа Х.А.(19), К.А.(25), А.„Н“.(22) и А.А.А.(25), сите од Пакистан поради сомнение за илегален излез од државата.

При извршени проверки констатирано е дека оствариле влез во државата на 28.11.2025 на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, но дека немаат остварен излез од државата.

Известен е јавен обвинител, а тие се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top