Историскиот проект – изградба на водовод за Љубанци и Љуботен денес е реалност. Поставени се 400 метри цевковод на двата крака на трасата. Истовремено, се поставуваат цевки на вториот крак на водоводот, на резервоарот Љуботен, информираат од Општина Бутел и нагласуваат дека денеска градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на системот за водоснабдување на граѓаните на Љубанци и Љуботен.
-Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски обезбеди 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти – систем за водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен, со чиста вода за пиење од градскиот водовод. Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски, за големата поддршка за овој исклучително значаен проект, соопшти локалната самоуправа.
Воедно, се вели во соопштението градоначалникот истакна дека иако многумина политичари не се ни обидоа и не веруваа, а некои политички противници сè уште го оспоруваат и се противат на проектот, граѓаните на Љубанци и Љуботен ќе имаат постојано водоснабдување со здрава и кавалитетна вода за пиење.