Македонија услови за непречен проток на сообраќајот

ФОТО: Саниран потпорниот ѕид кај Бигорски манастир, изграден и нов паркинг

Овој проект има за цел да обезбеди стабилност на патната инфраструктура и да овозможи непречен проток на возила на една од најфреквентните туристички локации во регионот.

ФОТО: Саниран потпорниот ѕид кај Бигорски манастир, изграден и нов паркинг

Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во близина на Бигорскиот манастир, со што значително се подобри безбедноста и комфорот на сите учесници во сообраќајот.

Овој проект има за цел да обезбеди стабилност на патната инфраструктура и да овозможи непречен проток на возила на една од најфреквентните туристички локации во регионот.

ЈПДП

Покрај санацијата на потпорниот ѕид, изграден е и нов паркинг простор наменет за патниците намерници и туристите кои го посетуваат ова значајно македонско светилиште. Со тоа се решава долгогодишниот проблем со паркирањето и се подобрува пристапот на посетителите до манастирот.

ЈПДП

Градежните активности започнаа минатата година и опфатија низа комплексни зафати: расчистување на трасата од грмушки и дрвја, машински ископ и изработка на насип, поставување тампонски слој од дробен камен, поставување нови рабници и метална пешачка ограда за мост, асфалтирање на коловозната површина, обележување со патарска рефлектирачка боја за зголемена видливост и безбедност.

ЈПДП

-Вкупната вредност на проектот изнесува 569.591 евра, што претставува значајна инвестиција во подобрување на патната инфраструктура и туристичката понуда во регионот. Изведувач на работите беше ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ увоз-извоз, Скопје, а надзорот го вршеше ГЕИНГ ДОО Скопје. Со реализацијата на овој проект, се создаваат услови за безбеден и непречен сообраќај, а истовремено се поттикнува развојот на туризмот и зачувувањето на културното наследство на Македонија, информираат од претпријатието.

To top