Засадени високостеблести јасени во новиот парк во Горно Лисиче! Со нив создаваме зелена оаза и простор за игра, дружба и одмор за сите генерации, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески.
Дрвјата се нов почеток и симбол на нашата посветеност да имаме што повеќе зелени површини во Аеродром, затоа што секое дрво значи почист воздух и подобро секојдневие за секоја урбана општина, пишува Митески во објавата.