Свет МОНТИ ПАЈТОН ВО КАБУЛ: Министерството за промовирање доблест и спречување пороци на Фејсбук

Спречен напад врз моралната полиција на Талибанците во северен Авганистан

Талибанската влада во Авганистан денеска потврди дека е спречен напад насочен кон Директоратот за промовирање доблест и спречување на порокот – т.н. „морална полиција“ на Талибанците, во северната провинција Фарјаб.

Спречен напад врз моралната полиција на Талибанците во северен Авганистан

Талибанската влада во Авганистан денеска потврди дека е спречен напад насочен кон Директоратот за промовирање доблест и спречување на порокот – т.н. „морална полиција“ на Талибанците, во северната провинција Фарјаб.

Министерството соопшти дека околу 18 часот вчера напаѓач кој се обидувал да го нападне Директоратот во градот Мајмана бил запрен пред да стигне до својата цел. Други детали за нападот, судбината на напаѓачот или можни жртви не се дадени, пренесе ДПА.

Авганистанскиот фронт за слобода (AFF), вооружена група против Талибанците, ја презеде одговорноста, велејќи дека двајца талибански членови се убиени, а двајца други се ранети. ДПА нагласува дека тврдењата не можат независно да се потврдат.

Министерството за промовирање доблест и спречување пороци (MPVPV) на Талибанците е тело одговорно за спроведување на толкувањето на исламските морални и социјални кодови на движењето.

Според Мисијата за помош на Обединетите нации во Авганистан (УНАМА), министерството спроведува строг закон за морал низ поголемиот дел од земјата, што резултира со ограничувања на личните слободи – особено за жените и девојчињата – и е поврзано со притворања и закани поради наводни прекршувања како што се кодексите на облекување или изгледот на мажите.

Министерството вели дека спроведува исламски прописи во согласност со шеријатот и ги отфрла извештаите за злоупотреби како неточни или претерани. Министерството, исто така, вели дека ги штити правата на жените, вклучително и интервенирање во случаи на принуден брак, спорови за наследство и семејно насилство.

To top