Состојки:
1 кг спанаќ
3 лажици ориз
1 главица кромид
1 поголем морков
1,5 чаша провриена вода
1 лажица доматно пире
Сол, бибер, црвена пипер
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Спанаќот добро измијте го и исечете го ситно. На загреано маслиново масло пропржете ситно исечкан кромид и морков.
Додадете го доматното пире и мешајте додека не се ослободи неговиот мирис. Потоа додајте го спанаќот и динстајте околу 10 минути.
Оризот измијте го, добро исцедете го и ставете го во садот. Мешајте неколку минути и зачини на вкус. Додадете ја топлата вода и варете на тивок оган додека оризот целосно не омекне.
Послужување:
Се послужува топло, најдобро во комбинација со јогурт/ кисело млеко или растителен јогурт доколку постите.