Фудбал

Душан Влаховиќ ќе паузира поради повреда

Душан Влаховиќ ќе паузира поради повреда

Јувентус доби сериозен удар во најнеповолниот момент од сезоната, откако првиот напаѓач

Душан Влаховиќ заработи повреда поради која го очекува подолга пауза надвор од терените.

Српскиот репрезентативец се повреди на натпреварот против Каљари, каде што беше принуден да ја напушти играта уште во 30. минута.

Причината е проблем со препоните, а првичните информации од Италија велат дека ситуацијата не е наивна и дека ќе следува период на одмор и рехабилитација.

Тренерот на „старата дама“ по натпреварот потврди дека станува збор за повреда која може да го оддалечи Влаховиќ од терените на подолг период, а точната тежина ќе биде позната по деталните медицински прегледи.

Оваа вест доаѓа во исклучително чувствителен момент за Јувентус, бидејќи тимот во наредниот период го очекуваат тешки натпревари против силни ривали како Наполи, Болоња и Рома. Отсуството на првиот голгетер може сериозно да ја наруши офанзивната игра на тимот и плановите на стручниот штаб.

Влаховиќ оваа сезона е еден од најважните играчи во нападот на Јуве, а неговата форма беше клучна во борбата за врвот на табелата. Сега, целото внимание е насочено кон неговото закрепнување и надежта дека паузата нема да биде подолга од најлошите прогнози.

To top