Хроника

Три лица приведени, еве што најде полицијата кај нив

За двата настани е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на истите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Три лица приведени, еве што најде полицијата кај нив

На 29.11.2025 година во 22:10 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.П.(32) од истото село. При преглед кај него била пронајдена марихуана.

Исто така на 29.11.2025 година во 23:20 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија ги лишија од слобода С.Р.(27) и К.Т.(38) и двајцата од село Пирава, валандовско.

При преглед на патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, била пронајдена марихуана, таблети и шише со непозната течност.

За двата настани е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на истите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Најнови вести од Хроника

To top