Фудбал

Манчестер Сити во судиското надополнување стигна до победата

Екипата на Манчестер Сити со голот на Фил Фоден во судиското надополнување стигна до победа од 3:2 против Лидс во 13.коло од Премиер лигата

Манчестер Сити во судиското надополнување стигна до победата

Екипата на Манчестер Сити со голот на Фил Фоден во судиското надополнување стигна до победа од 3:2 против Лидс во 13.коло од Премиер лигата. „Граѓаните“ по првиот дел имаа водство од 2:0 со головите на Фоден и на Јошко Гвардиол, но гостите од Лидс Доминик Калверт-Луин и на Лукас Нмеча стигна до 2:2. Во првата минута од судиското надополнување Фоден со својот втор гол донесе победа за неговата екипа и второ место на табелата зад Арсенал, а пред Челзи.

На другите два дуела одиграни во Премиер лигата: Сандерленд – Борнмут 3:2 и Брентфорд – Барнли 3:1. Вечерва се играат натпреварите: Евертон – Њукасл и Тотенхем – Фулам, а другите натпревари од оваа рунда на програмата се утре (недела).

To top