На 28.11.2025 година во 20:45 часот во едно струшко село, полициски службеници од полициското одделение во селото Велешта, од слобода го лишија А.А.(39) кој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.