Лошото време и поројните дождови направија доста проблеми за фудбалските натпревари. Откако минатиот викенд беше одложен мечот во ПМФЛ помеѓу Шкупи и Пелистер за неколку денови, а нема да се игра ниту дуелот меѓу Слога Виница и Охрид, сега дојде до дури пет одложувања.
Лошото време ги натера челниците на клубовите и во ФФМ да договорат одложување. Нема услови за игра на повеќе терени во Македонија а тоа предизвика масовни проблеми.
- Одложени натпревари од 15. коло на ВМФЛ:
Детонит Плачковица – Скопје
Слога Виница – Охрид
Осогово – Новаци
Кожуф – Вардар Неготино
Големо Коњари – Тетекс
Во рамките на 15. коло на ВМФЛ ќе се одиграат само три натпревари и тоа меѓу: Шкендија Арачиново и Саса Победа и Брегалница, како и Беласица и Преспа.